По вчерашното неуспешно второ лансирање на најновата верзија на италијанската ракета „вега це“ од европскиот космодром во Француска Гвајана и загубата на два сателити за снимање на Земјата „Ербас“, ќе биде покрената истрага, најавија европските власти.
Компанијата Arianespace, која беше задолжена за лансирањето, рече дека „аномалија се случила две минути и 27 секунди по полетувањето, со што завршила мисијата „вега це“, но не беа дадени дополнителни информации.
Ќе биде формирана истражна комисија која ќе ги испита околностите на инцидентот.