Нетфликс се повлекува од Русија

Од:

Нетфликс денеска соопшти дека засега ќе престане да ја продава и обезбедува својата видео услуга за стриминг во Русија.

„Со оглед на околностите на теренот, решивме да ја прекинеме нашата услуга во Русија“, се вели во соопштението на компанијата.

Компанијата не прецизираше што ќе се случи со постоечките претплатнички сметки или кога ќе го преиспита ова прашање.

Нетфликс и другите големи компании од светот на забавата ја избегнуваа Русија на различни начини во изминатата недела и половина. Нетфликс ги стави во мирување продукциите во Русија по почетокот на војната во Украина. Големите холивудски студија ги одложија и нови те филмски изданија во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск