Нетанјаху за прв пат го призна ерменскиот геноцид

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за прв пат изјави дека го признава геноцидот извршен од Отоманската империја врз Ерменците, Асирците и Грците на почетокот на 20 век, објави „Тајмс оф Израел“.

Кога Патрик Бет Дејвид го праша во неговиот подкаст зошто Израел не го признава ерменскиот геноцид, Нетанјаху одговори дека „мисли“ дека Израел го признал геноцидот.

„Мислам дека го признавме. Мислам дека Кнесетот донесе резолуција во таа смисла“, рече Нетанјаху, иако не е донесен таков закон, објави „Тајмс оф Израел“.

Кога го прашаа зошто ниту еден израелски премиер не го сторил тоа, Нетанјаху одговори дека токму тоа го сторил.

„Јас токму го направив. Еве,“ рече Нетанјаху.

Израел се воздржа од признавање на геноцидот од страв дека тоа ќе ги наруши неговите односи со Турција, државата наследничка на Отоманската империја, која цврсто негира дека се случил таков геноцид, објави израелскиот портал.

„Тајмс оф Израел“ објавува дека односите на Израел со Турција се на најниско ниво досега, со дипломатски врски во голема мера прекинати, и дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган редовно го споредува Израел со нацистите околу војната во Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори меѓу САД и Иран

А1он

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите и покрај преговорите меѓу САД и Иран

А1он

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху