Нетанјаху: Тел Авив ќе ја продолжи офанзивата на Појасот Газа и покрај меѓународниот притисок

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска оцени дека сојузниците на земјата имаат, како што наведува, кратко сеќавање во врска со нападот на Хамас на 7 октомври и дека Тел Авив ќе ја продолжи офанзивата на Појасот Газа и покрај меѓународниот притисок.

„Им велам на нашите пријатели во меѓународната заедница: дали вашето сеќавање е толку кратко? Толку брзо заборавивте на 7 октомври, најтешкиот масакр извршен врз Евреите од холокаустот? Дали толку брзо го ускратувате правото на Израел да се брани од чудовиштето Хамас?“, рече Нетанјаху на почетокот на владиниот состанок.

Тој повтори дека Израел ќе продолжи со воените операции во Газа, вклучително и во градот Рафах, заедно со евакуацијата на цивилите од борбените зони, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа