Нетанјаху: САД да не се откажуваат од санкциите врз Иран

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати денеска апел до американскиот претседател Барак Обама да не се откажуваат од санкциите врз Иран.

Тој истакна дека е задоволен од санкциите на САД кон Исламската Република имајќи ја предвид глобалната загриженост поради нуклеарната програма на оваа земја и смета дека притисоците треба да продолжат со цел да успее дипломатијата.

– За да има ефект дипломатијата, овие притисоци мора да продолжат, нагласи Нетанјаху за време на средбата со Обама во Белата куќа, во момент кога САД се обидуваат повторно да започнат преговори за нуклеарното прашање на Иран со новата Влада во Техеран.

Обама и Нетанјаху се сретнаа по историскиот телефонски разговор меѓу американскиот и иранскиот претседател во петокот. Тоа беше прв разговор на лидерите на овие две земји по повеќе од 30 години.

Израелскиот премиер веќе подолго време ги предупредува САД да не ја изедначуваат умерената реторика на Хасан Рохани со суштинските промени во иранската нуклеарна политика.

Би можело да ве интересира

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

ИДФ: Убиени се палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ал-Фундук

Горан Наумовски

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа