Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска пред членовите на Комитетот за надворешна политика и безбедност на Кнесетот изјави дека прекинот на огнот со Хамас „не се наоѓа на дневен ред“.
– Не разговараме со никого за прекин на огнот во овој момент. Тоа дури и не е на дневен ред, истакна Нетанјаху, одговарајќи на прашањето дали Владата е во контакт со Египет или некоја друга земја со цел да се прогласи прекин на огнот по дипломатски пат.
Тој нагласи дека за израслките ставови било изразено разбирање и поддршка од страна на сите странски лидери со кои разговарал во последните неколку дена.
Претседавачот со Комитетот, Зеев Елкин предложи поостри мерки во Појасот Газа, вклучувајќи прекин на струјата и водата од Израел, но Нетанјаху смета дека правните советници тоа не би го дозволиле.
Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон нагласи дека од воени официјални претставници добил инфромации дека војската нанела значителни штети врз терористичката инфраструктура во Газа, додавајќи дека таа ќе продолжи со таквата пракса.