Нетанјаху: Нема да дозволам војници да бидат изведени пред МКС

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави денеска дека ќе се спротивстави на напорите на Палестинците да „ги одвлече војниците на ИДФ (израелската одбранбена армија) во Меѓународниот кривичен суд во Хаг“.

– Палестинската управа избра судар со државата Израел и ние нема да седиме со скрстени раце“. рече Нетанјаху на почетокот на владината седница во Ерусалим, пренесува Танјуг.

– Оние кои би требало да одговараат пред кривичен суд се водачите на Палестинската управа, кои воспоставија сојузништво со воените криминалци од Хамас, рече израелскиот премиер.

– Војниците на ИДФ ќе продолжат да ја бранат државата Израел со одлучност и сила. Како што тие нас не бранеа, ние ќе ги заштитиме со истата одлучност и сила, рече Нетанјаху.

Ова е негов прв коментар по одлуката да се замрзне трансферот на повеќе од 100 милиони долари приход од даноци, кои Израел ги собира во име на Палестинската управа, а донесена по одлуката Палестинците да се придружат на МКС.

Во меѓувреме, генералниот директор на израелското Министерство за надворешни работи Нисим Бен-Шитрит најави дека Нетанјаху подготвува остар одговор на палестинските потези, но рече дека тоа не вклучува ширење на еврејските населби на окупираните територии. Бен-Шитрит рече дека одговорот на Израел ќе биде многу поостар и поширок од замрзнувањето пари од даноци.

– Израел ќе мине од одбрана во напад, најави тој.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се одлучи да се приклучи на МКС, откако во вторникот во Советот за безбедност на ОН беше отфрлена палестинската резолуција со која се одредува рок до крајот на 2017 година за израелско повлекување од палестинските територии. Тоа приклучување им овозможува на Палестинците да го тужат Израел за наводни воени злосторства.

Би можело да ве интересира

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

ВИДЕО: Израел пукал на позиции на мировниците на ОН во Либан, двајца повредени

ВИДЕО: Израел тврди дека е убиен лидерот на Исламски Џихад во напад на Западниот брег

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје