Нетанјаху: Мора да се направи повеќе за да се запрат пропалестинските протести во САД

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „мора да се направи повеќе“ за да се запрат пропалестинските протести кои се проширија на голем број американски универзитети.

„Она што се случува на американските универзитетски кампуси е ужасно. Тоа е несовесно. Тоа мора да се запре и недвосмислено да се осуди“, рече израелскиот премиер во снимената изјава, обвинувајќи ги „антисемитските толпи“ за преземање на водечки американски универзитети, пренесува Ројтерс.

Нетанјаху оцени дека одговорот на неколку претседатели на универзитети е „срамен“ и рече дека мора да се направи повеќе за да се запрат овие протести.

Протестите поради израелските воени акции во Појасот Газа се проширија на голем број американски универзитетски кампуси.

Пропалестинските студентски демонстранти повикаа на прекин на огнот и бараа нивните универзитети да ги прекинат врските со компаниите поврзани со Израел.

Универзитетските власти суспендираа десетици студенти, а голем број демонстранти беа уапсени.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Го поддржувам планот на Трамп да создаде поинаква Газа

А1он

Саудиска Арабија ја отфрли изјавата на Нетанјаху за раселување на Палестинците од Газа

Нетанјаху: Нема потреба американските војници во Газа да го спроведат планот на Трамп

Горан Наумовски

Нетанјаху за планот на Трамп за Газа: Тоа може да ја промени историјата

Горан Наумовски

Нетанјаху замина за САД како прв лидер на странска држава кој ќе има средба со Трамп

А1он

Нетанјаху: Благодарност до Трамп што го исполни ветувањето, сега можеме да се браниме

А1он