Нетанјаху: Мора да дозволиме помошта да стигне до Газа

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел мора да дозволи помошта да стигне до Појасот Газа без оглед на тоа како ќе продолжи војната.

Нетанјаху ги обвини Обединетите нации дека „лажат“ кога рекоа дека Израел не дозволува хуманитарна помош да влезе во Појасот Газа.

За време на посетата на воздухопловната база Рамон во пустината Негев, Нетанјаху вети дека Израел ќе ја елиминира палестинската милитантна група Хамас.

„За да ја постигнеме оваа цел, а исто така и за да ги ослободиме нашите заложници, напредуваме во борбата и во преговорите“, рече Нетанјаху, според „Тајмс оф Израел“.

Порталот наведува дека Нетанјаху минатата недела, поради обвинувањата дека Израел ги изгладнува жителите на Појасот Газа, драстично го зголемил количеството и каналите на помош што влегуваат во палестинската енклава, што, како што се забележува, е нагло отстапување од политиката на Израел од март.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ќе спроведат дневна „локална тактичка пауза во воените активности“ во густо населените области на Појасот Газа, од 10:00 до 20:00 часот.

Војската во соопштението наведува дека „паузата“ ќе се применува во областите каде што ИДФ моментално не дејствува со копнени трупи, вклучувајќи ги Ал-Маваси, Деир ал-Балах и Газа Сити, „секој ден до понатамошно известување“, објави денес „Тајмс оф Израел“.

„Оваа одлука беше координирана со Обединетите нации и меѓународните организации по дискусиите за ова прашање“, се вели во соопштението.

ИДФ, исто така, соопшти дека ќе бидат воспоставени „безбедни патишта“ од 6:00 часот наутро до 23:00 часот „за да се овозможи безбедно поминување на конвои на ОН и хуманитарни организации кои доставуваат и дистрибуираат храна и лекови до населението низ целиот Појас Газа“.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Иранците можеби ќе бидат принудени да прифатат „добар договор“ со САД

А1он

Хамас: Не го предаваме оружјето и не прифаќаме странска власт на палестинска територија

(ВИДЕО) Галант со тешки обвинувања кон Нетанјаху: „Тој е лажго кој мисли само на себе“

Горан Наумовски

Смрт и разурнување во Газа: Девет жртви, вклучително и деца

Нетанјаху предупредува: Антисемитизмот ја загрозува иднината на цивилизацијата

Блер ќе работи на спроведување на мировниот план за Газа без надомест