Нетанјаху ќе се обрати пред американскиот Конгрес, Израел не се откажува од офанзивата

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прифати поканата да им се обрати на пратениците во двата дома на американскиот Конгрес, соопшти неговиот кабинет, додавајќи дека тој ќе биде првиот странски лидер што ќе се појави таму по четврти пат.

„Трогнат сум од привилегијата да можам да го претставувам Израел пред двата дома на Конгресот и пред претставници на американскиот народ и пред целиот свет да ги презентирам вистините за нашата праведна војна против оние кои бараат наше уништување“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, израелската армија ја продолжи операцијата во Рафа во јужниот дел на Газа, и покрај големите критики од меѓународната заедница.

Борбите продолжија и во централниот дел на Појасот Газа, каде во последните два дена беа убиени десетици Палестинци. Израел тврди дека тие биле терористи.

Поради големиот број цивилни жртви и катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, Израел се соочува со зголемени критики однадвор, особено за операцијата во густо населениот Рафа.

Пред една недела, Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел веднаш да ги прекине воените операции во областа.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Го поддржувам планот на Трамп да создаде поинаква Газа

А1он

Саудиска Арабија ја отфрли изјавата на Нетанјаху за раселување на Палестинците од Газа

Нетанјаху: Нема потреба американските војници во Газа да го спроведат планот на Трамп

Горан Наумовски

Нетанјаху за планот на Трамп за Газа: Тоа може да ја промени историјата

Горан Наумовски

Нетанјаху замина за САД како прв лидер на странска држава кој ќе има средба со Трамп

А1он

Нетанјаху: Благодарност до Трамп што го исполни ветувањето, сега можеме да се браниме

А1он