Нетанјаху: Ќе ослободиме уште заложници со офанзива

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да пропушти никаква можност да ослободи уште заложници кои ги држел Хамас во Појасот Газа, додавајќи дека израелската армија ќе продолжи со офанзивата до „конечната победа“ над Хамас.

Нетанјаху ова го изјави откако израелските специјални сили ослободија двајца заложници за време на операција во градот Рафах, јужно од Појасот Газа, пренесува Ројтерс.

Нетанјаху го поздрави ослободувањето на заложниците Фернандо Симон Марман (61) и Норберт Луис Хара (70).

„Фернандо и Луиз, добредојдовте дома. Им честитам на нашите храбри борци за храбрата акција што доведе до нивно ослободување. Само продолжувањето на воениот притисок може да доведе до ослободување на сите наши заложници“, напиша Нетанјаху на „Х“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху му попушти за се на Трамп, а не доби ништо

Катерина Ѓуровски

Израел се стреми да го минимизира влијанието на новите американски тарифи – Трамп разговараше со Нетанјаху

А1он

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Нетанјаху: Воздушните напади во Газа се само почеток на долготрајната кампања

Нетанјаху го обвини шефот на Шин Бет за уцена

Нетанјаху на обвинителна клупа правеше хаос: Ни ги одзедоа животите и ги уништија

А1он