Нетанјаху: Ќе го уништиме Хамас

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес во Вашингтон изјави дека „големи работи“ се случуваат кога Израел и Америка работат заедно, без Тел Авив да се откаже од целта за уништување на Хамас.

Тој пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „никогаш немало ниво на координација, соработка и доверба меѓу Америка и Израел како што има денес“.

„За ова извонредно достигнување му оддавам признание на претседателот Трамп и мислам дека народот на Израел, а ако можам да кажам така, еврејскиот народ, го цени тоа“, рече Нетанјаху.

Тој нагласи дека Израел е посветен на исполнување на сите воени цели во Газа, вклучително и ослободување на заложниците, уништување на воените и административните капацитети на Хамас и обезбедување дека Газа повеќе нема да биде закана за Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

„Тоа значи дека ќе го нема Хамас. Ова мора да се разбере. Потребна е одредена стратегија. Потребни се некои потези кои се многу болни (за Израел) и некои кои се многу болни за Хамас“, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори меѓу САД и Иран

А1он

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите и покрај преговорите меѓу САД и Иран

А1он

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху