Израел нема да попушти пред меѓународниот притисок да ги прекине своите операции против палестинските екстремисти во Појасот Газа, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој рече дека Израел нападнал над 1.000 цели од вторникот употребувајќи двојно поголема сила, отколку во слична операција спроведена во 2012 година.
Нетанјаху наведе дека има „многу добри, позитивни“ консултации со претседателот на САД Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел и додаде дека меѓународниот притисок нема да го спречи Израел да делува со своја сила.