Нетанјаху: Израел ќе протера илјадници африкански имигранти

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека илјадници африкански имигранти кои пристигнале во Израел ќе бидат вратени во своите земји.

Тој обиколувајќи го ѕидот на границата со Египет, што е изграден за да го спречи влезот на имигрантите во Израел, посочи дека набрзо десетиците илјади Африканци ќе бидат вратени во земјите од каде потекнуваат.

Нетанјаху истакна дека Израел во последните седум месеци го запрел бранот имигранти од Африка. Во последните години во Израел влегле околу 60.000 Африканци, од кои некои бараат азил, а други работа.

Сигал Розен, чија група им помага на имигрантите изјави дека малку е веројатно Израел да ги протера имигрантите, бидејќи голем број од нив доаѓаат од воени зони или земји кои немаат дипломатски врски со Израел. Таа посочи дека Нетанјаху со изјавата можеби сака да добие политички поени пред парламентарните избори што треба да се одржат на 22 јануари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски