Нетанјаху: Израел ќе дејствува во случај на кршење на примирјето

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денска дека Израел е подготвен да дејствува ако Хамас го прекрши прекинот на огнот за кој посредуваше Египет.

– Целите на операцијата се остварени. Знам дека има граѓани кои очекуваат поостар став за Газа и подготвени сме да го направиме. Ние ќе избереме кога, против кого и како да дејствуваме, изјави Нетанјаху. – Сега одлучивме да му дадеме шанса на мирот, додаде тој.

Прекинот на огнот стапи на сила синоќа и двете страни засега го почитуваат.

Израелското радио јави дека неколку ракети се истрелани од Газа непосредно по воспоставувањето на прекинот на огнот, но на нив немало израелски одговор. По полноќ немало напади од ниту една страна.

По полноќ илјадници жители на Појасот Газа излегоа на улиците, вееја знамиња и со огномент го славеа ставањето крај на судирите.

Во меѓувреме Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика и двете страни да го почитуваат прекинот на огнот, фалејќи ги напорите на египетскиот претседател Мохамед Морси да посредува во договорот за ставање крај на осумдневното насилство.

Би можело да ве интересира

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила