Нетанјаху: Израел би можел да ја бомбардира Газа „како што сојузниците што го бомбардираа Дрезден“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел би можел да ја бомбардира Газа „како што сојузниците го бомбардираа Дрезден“ во Втората светска војна, но дека тоа не го прави бидејќи, како што тврди, се фокусира исклучиво на борба против терористите.

„Можеме да ги бомбардираме како што сојузниците го бомбардираа Дрезден во Втората светска војна, би можеле да ги изгладнеме ако ги следиме клеветите, овие лаги што се кажуваат против Израел, и никој нема да биде жив“, рече Нетанјаху за време на интервју за американската мрежа Newsmax кога беше прашан зошто Израел не ги „брише Хамас и Газа од картата“.

Нетанјаху додаде дека Израел, и покрај критиките, се обидува да го премести населението, да ги одвои цивилите од терористите и да ги таргетира само милитантите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори меѓу САД и Иран

А1он

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите и покрај преговорите меѓу САД и Иран

А1он

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху