Нетанјаху изгуби свест и ја повреди главата, итно е пренесен во болница

Од:

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, е пренесен во болницата Шеба во Тел Хашомер, потврдија од неговиот кабинет. Тие додадоа дека 73-годишниот Нетанјаху е во добра состојба и во моментов е на проценка. Според болнички извори, Нетанјаху изгубил свест додека бил дома и паднал удирајќи со главата.

The Jerusalem Post пишува дека Нетанјаху почувствувал и болки во градите. Меѓутоа, израелските медиуми јавуваат дека тој бил целосно свесен на пат кон болница, иако не се чувствувал добро.

„Премиерот Нетанјаху пред кратко време пристигна во Медицинскиот центар Шеба. Тој е добро и му беше извршен медицински преглед“, изјави портпаролот на неговата канцеларија.

Инаку, Нетанјаху итно беше префрлен во болница во октомври минатата година, откако доживеа болки во градите. Тој потоа бил отпуштен од болница по нормализирање на наодите. Израелскиот лидер исто така беше подложен на „рутинска колоноскопија“ во јануари на почетокот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Воздушните напади во Газа се само почеток на долготрајната кампања

Нетанјаху го обвини шефот на Шин Бет за уцена

Нетанјаху на обвинителна клупа правеше хаос: Ни ги одзедоа животите и ги уништија

А1он

Нетанјаху: Израел не го прекрши договорот за прекин на огнот со Хамас

А1он

Нетанјаху: Го поддржувам планот на Трамп да создаде поинаква Газа

А1он

Саудиска Арабија ја отфрли изјавата на Нетанјаху за раселување на Палестинците од Газа