Нетанјаху итно префрлен во болница

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рано утринава итно бил префрлен во болница поради поставување пејсмејкер.

Од кабинетот на Нетанјаху соопштија дека премиерот ќе биде ставен под анестезија за време на операцијата и дека министерот за правда Јарив Левин ќе го замени додека тој е подложен на процедурата.

Во кратката видео изјава, Нетанјаху рече дека „се чувствува одлично“ и планира да продолжи со својот план за судски реформи веднаш штом ќе биде пуштен од болница, пренесе АП.

Изјавата на Нетанјаху, објавена по полноќ, дојде една недела откако беше хоспитализиран поради, како што се вели, дехидрација.

Болницата соопшти дека на Нетанјаху му е поставен холтер за следење на неговото срце, иако при прегледот не биле откриени никакви абнормалности.

Тоа уследи по бурниот ден на некои од најголемите протести досега против планот за судски реформи на Нетанјаху.

Стотици илјади луѓе излегоа на улиците ширум Израел во саботата вечерта, додека илјадници влегоа во Ерусалим и кампуваат во близина на Кнесетот пред гласањето што се очекува во понеделник, со кое се очекува да се одобри клучниот дел од судската реформа што ги ограничува овластувањата на Врховниот суд да ги поништи владините и парламентарните одлуки што ги смета за неразумни и штетни.

Повеќе од 100 пензионирани началници за безбедност го поддржаа зголемениот број воени резервисти, кои велат дека ќе престанат да се јавуваат на должност доколку спорниот закон биде усвоен.

Нетанјаху го објави планот за реформи во правосудството во јануари, неколку дена по преземањето на функцијата, а оттогаш почнаа масовни протести во Израел против планот.

Нетанјаху тврди дека реформата е потребна за да се ограничат прекумерните овластувања на неизбраните судии, а критичарите велат дека тоа ќе го отвори патот за авторитарно владеење.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Примирјето не значи крај на војната

А1он

Нетанјаху му се закани на Хезболах: Израел ќе одговори насилно

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Медиуми: Премиерот на Израел го одобри договорот со Хезболах

Горан Наумовски

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски