Нетанјаху: Хамас ќе биде разоружан на полесен или потежок начин

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Хамас ќе биде разоружан, и покрај извештаите дека САД размислуваат за продолжување на реконструкцијата на делови од Газа пред да усвојат план за разоружување на палестинската милитантна група.

Зборувајќи за „таканаречената демилитаризација“ на делови од Газа контролирани од Хамас, Нетанјаху на почетокот на состанокот на кабинетот рече дека „нема да има такво нешто“, објавува „Тајмс оф Израел“.

„Во планот од 20 точки, и во секој друг случај, оваа област ќе биде демилитаризирана, а Хамас ќе биде разоружан – со лесни или тешки средства. Тоа го кажав јас, и тоа го рече претседателот Доналд Трамп“, нагласи израелскиот премиер, еден ден пред седницата на Советот за безбедност на ОН, каде што ќе се гласа за резолуција со која се поддржува планот на американскиот претседател за Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори меѓу САД и Иран

А1он

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите и покрај преговорите меѓу САД и Иран

А1он

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху