Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли шпекулациите за прекин на воената офанзива во Појасот Газа, изјавувајќи дека таа ќе заврши кога ќе биде прекинат ракетниот напад од оваа област кон израелска територија.
По консултациите со раководството на армијата Нетанјаху нагласи дека операцијата ќе заврши „само кога мирот и безбедноста на израелските граѓани ќе бидат трајно воспоставени“.
На овој начин израелскиот премиер покажа дека нема да се согласи со меѓународните повици за прекин на огнот.
Израелската армија објави крај на едностраното седумдневно хуманитарно примирје и предупреди дека ќе ја продолжи операцијата во Газа, каде досега загинаа над 1.850 Палестинци.