Нетанијаху побара од Евреите од целиот свет да продолжат со поддршката на Израел

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху во видео порака на англиски јазик упатена по повод еврејската Нова година, ги повка Евреите ширум светот да продолжат да го поддржуваат Израел.

Во пораката Нетанијаху порача дека еврејскиот народ е силен затоа што е обединет.

– Нема сомнеж дека еврејските заедници ќе стојат зад Израел, како што Израел ќе продолжи да биде насекаде заедно со еврејскиот народ, истакна Нетанијаху, нагласувајќи дека „Евреите им пркоселе на законите на историјата“.

Нетанијаху потенцира дека Израел напредувал во многу сфери, но дека и натаму постојат многу предизвици со кои мора да се соочи, додавајќи дека тоа пред се е „судирот во Сирија“ во кој меговата земја не е вмешана, но дека ќе „дејствува решително за да го заштити својот народ“.

Израелскиот премиер се осврна и на Иран и на неговата нуклеарна програма, додавајќи дека не смее да се доволи „најопасниот режим во светот да дојде до најопасното оружје“.

Нетанијаху нагласи и дека за Израел е важно да постигне траен мир со Палестинците, но додаде дека тој нема да потпише никаков мировен договр „кој ќе се слави две минути, а потоа ќе пропадне“.

– Во регионот кој страда од насилство и хаос без преседан, ние сме оаза на демократијата, стабилноста, толеранцијата и слободата, нагласи Нетанијаху, завршувајќи ја пораката со традиционалниот еврејски поздрав „Шана това у меука“ (Добра и слатка Нова година).

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија