Несреќата на малезискиот авион не беше случајна?

Од:

Еван Вилсон и Џоф Тејлор, комерцијален пилот и новинар кои напишале книга „Добра ноќ Малезијо 370: вистината за исчезнатиот авион на летот 370“, велат дека со помош на процес на елиминација се обиделе да дојдат до вистината која лежи во позадина на оваа трагедија и дека дошле до „шокантен и неверојатен заклучок“.

„Било намерно, било пресметано, и никогаш не смеело да се дозволи такво нешто да се случи“, вели Тејлор.

„Ние за прв пат презентираме детална анализа на овој лет“, вели Вилсон.

Книгата почнува на меѓународниот аеродром Куала Лумпур, 8. март, и ги следи животите на 239 патници и членови на екипажот во авионот кој требало да обави краток лет до Пекинг.

Вилсон, поранешен извршен директор на две авио-компании, е квалификуван за истраги во доменот на безбедноста на авио-транспортот и вели дека доказите се испитани и сите можни сценарија се елиминирани, се` додека не останало само „еден шокантен и неверојатен заклучок“, кој во книгата му се презентира на читателот.

Двајцата автори велат дека во Малезија разговарале со претставници на властите и со членови на семејствата на пилотите на летот MH370.

Според нивните зборови, властите не се желни да ја признаат вистината, но таа мора да се дознае поради семејствата на загинатите. А таа вистина, како што тврдат, гласи: „Она што се случи на авионот на летот 370 не беше случајно. Беше намерно и пресметано, и никогаш не требаше да се случи“.

За слични случаи да нема во иднина, тие предлагаат веднаш да се промени начинот на составување и организирање авионски екипаж, и во авионите да се воведат системи отпорни на саботажа, кои обезбедуваат леталото да се следи во секој момент.

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ