Несреќа во Турција: Две лица загинаа при спуштање на балон во Кападокија

Од:

Две лица загинаа, а три се повредени во несреќа со балон во Кападокија, Турција, соопшти локалниот гувернер.

„За време на спуштањето на балонот, во кој имало 28 патници и двајца членови на екипажот, животот го загубиле двајца шпански државјани, додека тројца шпански државјани се повредени“, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека лекувањето на повредените продолжило во локалните болници и дека нивните животи не се загрозени, пренесува Ројтерс.

Според нив, несреќата била предизвикана од неочекувано зголемување на силата на ветерот при слетувањето.

Летањето со балон со топол воздух е една од најпопуларните атракции во регионот на Кападокија, над долините и вулканските формации познати како „самовилски оџаци“, потсетува британската агенција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски