Несреќа во Индија: Над 30 загинати, 18 повредени откако автобусот слета во провалија

Од:

Најмалку 37 лица загинаа, а 18 се повредени откако автобус се лизна од автопат и падна во провалија во северна Индија во средата.

Според извештаите, автобусот се движел во планинската област Додо кога излетал од патот и паднал најмалку 100 метри во провалија, јавува Фокс њуз.

Сојузниот министер Јитендра Синг изјави дека од 18 повредени, неколкумина се во критична состојба.

Повредените се префрлени во медицински установи во Џаму и Додо, рече Синг.

Спасувачки слу=би обезбедија и хеликоптери.

Точната причина за несреќата не е веднаш позната, но Сунил Гупта, полицаец, рече дека автобусот бил преполн и се движел пребрзо.

Се дознава дека автобусот превезувал 55 луѓе иако имал 42 седишта.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Автобуска несреќа во Белград: 20 лица се повредени, меѓу кои дете и бремена жена

Горан Наумовски