Несакани ефекти од хормонска терапија кај тринаесет деца во Шведска

Од:

Дури тринаесет деца претрпеле несакани ефекти од хормонската терапија за промена на полот во Шведска, според националната телевизија СВТ.

Во извештајот објавен во средата, шведската телевизија СВТ откри дека лекарите во Универзитетската болница Каролинска во Стокхолм во мај ги прекинале новите хормонски третмани за деца кои страдаат од родова дисморфија поради загриженост за „потенцијални несакани ефекти“.

Болницата во новите упатства навела дека третманите се контроверзни и дека се уште недостасува целосна научна потврда. Податоците за степенот на несаканите ефекти и бројот на заболени деца не се објавени.

По интерен преглед во болницата, телевизијата СВТ спроведе сопствена истрага. Велат дека вкупно тринаесет деца биле на некој начин „повредени“ при лекувањето што го добиле во болница.

Едно дете, Лео, почнало да се лекува со блокатори на хормони на само 11 години. Речиси пет години подоцна, на Лео му била дијагностицирана остеопороза и лекарите забележале промени во неговите пршлени. Неговиот раст исто така сериозно забави.

„Очигледно, ние имаме одговорност за повредите предизвикани од нашето лекување“, изјави за националната телевизија Сванте Норгрен, раководител на детската болница Астрид Линдгрен во Универзитетската болница Каролинска.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро