Непознат напаѓач пукаше во критичар на исламот во Данска

Од:

Непознат маж се обиде денеска во Копенхаген да го убие новинарот Ларс Хедегард, еден од најострите критичари на исламот и претседател на десно-ориентираното Друштво за слобода на печатот во Данска.

Како што пренесуваат данските медиуми, човекот, за кого Хедегард рече дека “не е oд данскo етничко потекло”, тропнал на вратата нанеговата куќа преправен како поштар со пакет во раката, а кога Хедегард отворил, човекот извадил пиштол.

Напаѓачот успеал да испали еден истрел кој го промашил Хедегард, по што дошло до тепачка околу оружјето, но непознатиот човек го испуштил пиштолот и избегал.

Хедегард е познат по своите остри изјави за исламот како што е “модерниот исламизам се нарекува религија, но пред се тоа е политичка идеологија на линија со комунизмот и фашизмот.”

Би можело да ве интересира

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари