Немирите што избувнаа во Непал ја запалија зградата на парламентот и претседателската палата. Непалската војска издаде соопштение во кое ги обвинува демонстрантите дека ја искористуваат моменталната криза за уништување, ограбување и палење на јавен и приватен имот.
Во соопштението се вели дека доколку ваквите инциденти продолжат, „сите безбедносни институции, вклучително и непалската армија, ќе ја преземат контролата врз ситуацијата“ почнувајќи од 22:00 часот по локално време. Не е прецизирано што значи тоа.
„Ги повикуваме сите граѓани да ја поддржат војската во овој напор“, се вели во соопштението, додавајќи дека дополнителни информации ќе бидат објавени „по проценката на ситуацијата“.