Неофицијални резултати од изборите во Словенија: Никој нема 50 отсто, ќе се одржи втор круг

Од:

Делумни неофицијални резултати од претседателските избори во Словенија, по пребројани речиси 45 отсто од гласовите, покажуваат дека новиот претседател ќе се избира во вториот круг, во кој, се чини сега, ќе бидат Анже Логар и Наташа Пирц Мусар.

На веб-страницата на словенечката Државна изборна комисија беше објавено дека за Логар гласале 34,02 отсто од гласачите, а за Пирц Мусар 26,86 отсто.

На трето место е Милан Брглез со 15,60 отсто, потоа следат Владимир Пребилич (10,33 отсто), Сабина Сенчар (6,10 отсто), Јанез Циглер Краљ (4,30 отсто) и Миха Кордиш (2,77 отсто).

Избирачките места во Словенија се затворени вечерва во 19 часот. Мнозинството гласови ќе се пребројат до 21 часот, соопшти словенечката Државна изборна комисија.

Излезноста до 16 часот беше 34,8 отсто, што е за околу два отсто повеќе од пред пет години, пренесе агенцијата СТА.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија