Немирни времиња во Јемен

Од:

Комерсант – Москва

Специјалниот пратеник на ОН во Јемен, Џамал Беномар, се обидува да иницира дијалог помеѓу различните политички сили во земјата и да го спречи настапувањето на хаосот и граѓанска војна во најсиромашната држава на Арапскиот Полуостров. Ситуацијата излезе од контрола по воениот преврат кој го изведе шиитиското движење Ансар Алах, кое го распушти парламентот и најави дека целосно ја презема контролата врз земјата. За главен орган на власта беше именуван привремен претседателски совет, во кои беа вклучени најголемм број на луѓе од движењето. Смената на власта во Јемен може да ги поткопа позициите на главната сила во регионот – Саудиска Арабија, а покрај тоа и да го засили влијанието на нејзиниот најголем и непомирлив непријател Иран.

Претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади, поднесе оставка на крајот на јануари под притисок на шиитите од племето хуси, кои ја заземаа престолнината Сана. Тоа го стори по неуспешните преговори со раководството на шиитиската партија Ансар Алах, чии борци на крајот го заземаа претседателскиот дворец и го киднапираа шефот на претседателската администрација. Шиитите го обвинија дека „незаконски го сменил“ разработениот од нив текст на уставот.

Според извори на Комерсант од Сана, шиитите биле готови да сопрат со опсадата на резиденцијата и да го остават претседателот на неговата позиција, но во замена сакале клучни должности во кабинетот и „прекин на конфликтот“ во нафтената престолнина Маариб. Последново всушност би значело областите каде продолжуваат судирите помеѓу Ал Каида и Ансар Алах, да минат под шиитска контрола.

Хусите планираа да стават свои луѓе на позициите потпретседател, вицепремиер, генерален јавен обвинител, и да добијат неколку министерски портфељи. Освен тоа, тие бараа да вклучат 50 илјади свои симпатизери во редовите на армијата и во тајните служби.

Претседателот сметаше дека премногу бараат и избра да се повлече од местото шеф на државата. Друга причина за таа одлука беше масовното бегство на неговите приврзеници. Фрлајќи го оружјето, офицерите од претседателската гарда тврдеа дека Хади „го предал народот штом преговара со хусите“.

Со нападот врз претседателскиот дворец, хусите успеаја да го победат противникот, сметаат експерти кои зборуваа за Комерсант. „Раководството на Ансар Алах знаеше дека Хади планира да испрати војска по улиците на Сана и да ги истера хусите од престолнината“, рече Леонид Исаев од Високата школа за економија. „Од тој момент, во Јемен се распали најострата фаза од конфликтот“.

Со оставките на највисоките службени лица (по претседателот се повлече и премиерот Халед Бахах) воопшто не дојде до крај на формалната процедура. Според законот, највисоките одлуки ги носи парламентот, но тој не успеа да одржи заседание. А преку викендот шиитите веднаш го распуштија парламентот и објавија виш државен орган, привремениот претседателски совет, и така ги потврдија резултатите од превратот. Сега шиитите се обидуваат да формираат привремена влада со учество на својот лидер Абдел Малик ал Хуси, и да ги одложат за подоцна следните избори.

Хусите добиваат воена подршка од поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех, кој ја напушти позицијата во 2011 година, непосредно по почетокот на Арапската пролет. Новата политичка ралност ги натера поранешните противници да ги смират несогласувањата – Салех претходно ја пушташе армијата против хусите. Неговата партија Општ народен конгрес свика вонредно заседание и реши дека при изострување на конфликтот, лојалните кон поранешниот лидер воени сили да ја застанат на страната на хусите.

Всушност, шиитското движење може доста бргу да добие професионални борци – во Северен Јемен живеат воглавно шиити и позициите на Ансар Алах таму се стабилни, но за сунитскиот југ постои закана по последните настани и е готов да се спротивстави ако шиитите направат обид да ја преземат конролата над регионот.

Власта на шиитите во Јемен не е призната ниту од една држава. Нивните дејства беа предмет на остри критики од ОН, Арапската лига и од Советот за соработка на арапските држави од Персискиот залив, кој ги вклучува соседните држави на Јемен од Арапскиот полуостров, и чии власти растревожено го следат развојот на ситуацијата во Сана.

Инаку соседите на Јемен се навлезени во период на политичка турбуленции која добро им доаѓа на шиитите. „Властите во Саудиска Арабија се фокусирани кон своите внатрешни проблеми заради смртта на кралот Абдула. Немаа сили и за Јемен“, смета Леонид Исаев.

Другите држави од Арапскиот Полуостров исто така не брзаат да се мешаат во случувањата во Јемен. Седумдесет и три годишниот султан на соседен Оман, Кабус бен Саид, е сериозно болен. Освен тоа, Оман тивко одржува врски со Иран и затоа се воздржа од напади против шиитите. Единствено Катар се истакна како активен играч во регионот – финансиски подржа еден од главните противници на Ансар Алах, исламистичката партија Јеменски збор за реформи (Ислах). Но се разбира непромислено вложиле во Ислах – хусите без мака го истераа од Јемен нивното раководство.

Експертите го поврзуваат успехот на јеменските шиити со поддршката која ја добиваат од Иран – главниот геополитички соперник на Саудиска Арабија. Често се прават споредби помеѓу структурата на Ансар Алах и структурата на друго движење кое е спонзорирано од иранците – Хезболах во Либан. Ако Техеран реши отворено да се вклучи во конфронтација, Риад не може да засекогаш да остане настрана. Според политиколозите кои ги консултираше Комерсант, засилувањето на шиитите во Јемен може да ја дестабилизира ситуацијата не само на Арапскиот полуостров, туку и пошироко.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида