Немири во Шведска

Од:

Судирите меѓу полицијата и имигранти во Стокхолм се проширија во неколку други населби претежно населени со имигранти.

Немирите почнаа пред три дена откако шведската полиција усмрти постар маж имигрант.

Според соопштението на шведската полиција во немирите досега се приведени осум лица кои учествувале во напади врз полицијата, додека едно лице е уапсено под сомнение за предизвикан пожар во зграда на локалниот културен центар.

Screenshot_4

Повеќе десетици млади во знак на протест против полицијата, која на 13 мај уби 69-годишен маж во населбата Хусби, фрлаа со камења врз полицијата и палеа продавници и автомобили.

Според полицијата во нередите се оштетени и запалени околу 30 возила во неколку населби во Стокхолм, во кои живеат мнозинство имигранти.

Голем број граѓани ја обвинуваат полицијата дека без причина усмртила постар маж имигрант.

Шведските експерти сметаат дека немирите во населбите со мнозинство имигранти се должи на зголемениот број невработени и ниското образование на имигрантите, како и растот на расистичките ставови во земјата.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро