Нема загинати во серијата експлозии во фабриката за преработка на гас во Флорида

Од:

Сите работници кои се водеа како исчезанти по серијата експлозии во фабрика за преработка на гас во Флорида, се пронајдени живи, соопштија локалните власти.

Најновото соопштение на полицијата ги смири стравувањата дека е можно 15 од вкупно 24-те работници во фабриката да загинале, како што претходно се сметаше.

Според новите податоци на канцеларијата на шерифот округот Лејк, Гари Бордерс, во експлиозиите се повредени седум лица.

Претходно, Бордерс соопшти дека при експлозиите во фабриката за пропан-бутан „Блу Рино“ во градот Таварес бил разурнат покривот на објектот.

Експлозиите почнале околу 23 часот по локално време (пет часот утрово по средноевропско време) и траеле околу еден час.

Веројатна причина за хаваријата е експлозија на контејнери со гас, од кои настанал пожар, по што пламените јазици достигнале височина до неколку десетици метри.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации