Нема договор меѓу Ганц и Нетанјаху за Влада за национално единство во време на коронавирусот

Од:

Лидерите на партијата Ликуд и на сојузот „Сино и бело“, актуелниот вршител на должноста израелски премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен политички ривал Бени Ганц, не се договорија за формирање заедничка влада.

Договорот не беше постигнат до крајниот рок, ноќеска на полноќ, што им беше даден од израелскииот претседател Реуване Ривлин, и покрај „значителниот напредок “ што во изминатите неколку дена го постигнаа преговарачките тимови на двете партии , па задачата сега повторно во свои раце ќе ја преземе парламентот.

Хина ги пренесува израелските медиуми, што наведуваат дека преговарачите се состанале и по завршувањето на рокот

Ганц во март го доби мандатот да состави влада, откако ја обезбеди подршката на другите пратеници во Кнесетот. Рокот за составување влада му заврши во понеделникот на полноќ, но претседателот Ривлин го продоложи за 48 часа, бидејќи „добил информација дека двете страни се блиску до спогодба“

Претседателот уште порано најави дека во случај на неуспех во преговорите задачата за формирање влада натаму ќе му ја препушти на парламентот.

Нетанаху на чело на техничката влада се наоѓа од крајот на 2018 година.

Сега секој пратеник во Кнесетот ќе има можност да формира влада доколку обезбеди поддршка од 61 свој колега во парламентот.

Доколку не се успее и во тоа, тогаш Израелците ќе бидат присилени и по четврти пат од април минатата година да излезат на избирачките места.

Би можело да ве интересира

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут

Израел не се откажал од ракетирање на иранските нуклеарни постројки

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран

(ВИДЕО) 18 мртви во израелски напад на Западниот брег: Ова е масакр

Катерина Ѓуровски