Четворица израелски полицајци и уште неколку други лица се ранеи во напад од автомобил во источниот дел од Ерусалим. Полицијата соопшти дека напаѓачот е убиен.
– Напаѓачот е убиен од страна на полицијата, изјави Мики Розенфелд, портпарол на полицијата без да даде засега други детали.
Нападот е ивршен во Шеик Џарах дел од источен Ерусалим населен претежно со Палестинци.