Неколку стотици Чеси демонстрираа за легализација на марихуаната

Од:

Неколкустотици Чеси денеска учествуваа на редовните 16-ти по ред демонстрации за легализацијата на марихуаната во земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

Акцијата е дел од светската кампања „Милион, Марихуана, Март“.

– Главното барање на демонстрациите е легализација на одгледување и поседување на марихуана и производи од коноп за сопствена употреба и тоа за лечење и рекреација, рече претставникот на чешкиот организатор Роберт Веверка.

За време на музичкиот хепенинг и маршот, полицијата уапси неколку лица под сомнение за сторени прекршоци поврзани со дрога. Анкетите, покажуваат дека повеќе од половина Чеси меѓу 15 и 34 години имаат барем еднаш пробано марихуана.

Едно неодамнешно истражување покажа и дека дури 53 проценти од анкетираните би се согласиле со легализација на рекреативното користење на оваа дрога.

И покрај тоа, таа останува илегална иако според последната одлука на власта од 1 април во Чешка е овозможено користење на марихуана на рецепт за лечење и медицински цели. Минатата година, во маршот во чешкиот главен град учествуваа околу 7.000 млади луѓе.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда