Неколку лица повредени во експлозија во фабрика за воени експлозиви во Франција

Од:

Неколку лица се повредени во експлозија во фабриката за воени експлозиви Еуренко во Бержерак во југозападна Франција, изјави претставник на компанијата.

Компанијата произведува воени експлозиви, погони и горива. Исто така, произведува експлозиви за цивилна употреба.

Префектурата Дордоња соопшти дека итната помош пристигнала на местото на несреќата, каде по експлозијата избувнал пожар.

Канцеларијата на градоначалникот на Бержерак ја повика јавноста да се држат настрана од областа.

Причината за експлозијата се уште не е позната. Претставник на компанијата изјави дека „неколку луѓе“ се повредени, но не можеше да даде точен број.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски