Неколку илјади војници од Националната гарда мобилизирани во САД по насилните протести

Од:

Неколку илјади војници на Националната гарда се мобилизирани денеска откако насилни протести предизвикани од смртта на невооружен црнец за време на апсење во Минеаполис избувнаа низ САД.

Обвиненијата за убиство поднесени против полицискиот службеник вчера не успеаја да го смират гневот, кога немири против полициски расизам се одржуваа од Њујорк до Лос Анџелес во една од најлошите ноќи на граѓански немири во САД во последниве години.

Демонстрантите го игнорираа полициски час и се судрија со полицијата, четврта вечер по ред во Минеаполис, каде беа предизвикани и пожари.

Генерал-мајорот за национална гарда на Минесота, Џон Јенсен, на прес-конференција денеска изјави дека гувернерот на државата овластил за распоредување дополнителни 1.000 војници за да и помогне на полицијата да ја контролира ситуацијата.

Државата стана епицентар на насилствата откако Џорџ Флојд почина при апсење на полициски офицер кој го со нога го приклешти за вратот додека лежеше на земја.

Полицаецот Дерек Шовин беше обвинет вчера  за убиство од трет степен – ненамерно предизвикување смрт – и една точка – несовесно убиство. Но, обвиненијата не успеаја да го смират народот.

Во Атланта, полициските патроли беа нападнати и запалени во момент кога протестите излегоа од контрола. Во главниот град Вашингтон демонстрантите се судрија со агенти на Тајната служба пред Белата куќа.

Претседателот Доналд Трамп рече дека го гледал „секој потег“ на агентите.

Протести имаше во голем број градови, меѓу кои Бостон, Далас, Денвер, Де Моин, Хјустон, Лас Вегас, Мемфис и Портланд.

Властите воведоа полициски час во петокот во Минеаполис по три ноќи протести каде делови од градот беа во пламен.

„Ова не е само за смртта на Џорџ. Ова не е за нееднаквости што с вистински. Ова е за хаос“, изјави Тим Волц гувернер на Минесота.

Роднините на Флојд – кои разговараа вчера со претседателот Трамп – ја поздравија веста за апсењето на офицерот како „чекор на патот кон правдата“. Но, тие рекоа дека се надеваат на построги обвиненија и акција против другите офицери вклучени во притворот и смртта на Флојд.

„Ние сакаме обвинение за убиство од прв степен. И, сакаме да ги видиме останатите офицери уапсени.

„Болката што црната заедница ја чувствува во врска со ова убиство и она што се одразува на третманот на црнците во Америка е сурова и се излева на улиците низ Америка“, се вели во соопштението.

Тројцата други офицери присутни кога Флојд починал, исто така, се под истрага и се очекува дека ќе бидат покренати обвиненија против нив.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој го предизвикува Трамп за Белата куќа на изборите во ноември, разговараше и со семејството на Флојд.

Тој повика на правда и рече дека е време да се лекува „отворената рана“ на системскиот расизам во САД.

Детроит е еден од многуте американски градови каде се одржуваат протести за смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Во уличните немири во кои во Оукланд во Калифорнија учествуваа најмалку 7.500 демонстранти, синоќа загина еден полицаец, а друг е повреден, јави Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Поранешен полицаец прогласен за виновен за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Поранешниот полицаец Томас Лејн призна вина во случајот за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Дерек Шовин ја обжали пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд доби 22 години затвор

Жарко Настоски

Обвинителството во Минесота побара 30 години затвор за поранешниот полицаец Дерек Шовин

Ана Ололовска

Американското Министерство за правда отвори истрага против полицијата во Минеаполис

Жарко Настоски