Неколку работници загинаа во понеделник наутро на градилиште во германскиот град Хамбург.
Како што пренесува Билд, несреќата се случила околу 9.10 часот кога се урна скеле, при што се затрупани најмалку осум работници.
Од големото градилиште во моментов се евакуираат околу 700 градежни работници.
На терен се неколку возила на Итна помош.
Засега не се знае колку работници загинале.