Некои амбасади и конзулати на САД остануваат затворени до 10. август

Од:

Некои амбасади и конзулати на САД во земјите на Блискиот Исток, кои беа затворени вчера по заканите од Ал Каеда, нема да работат до 10. август, но како мерка на претпазливост, а не поради нови закани, објави американскиот Стејт департмент.

Дел од затворените американски дипломатски претставништва, меѓу кои во Кабул, Багдад и Алжир, денеска се очекува да продолжат со работа, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Американскиот Стејт департмент од вчера ги затвори амбасадите и конзулатите на САД во Авганистан, Алжир, Бахреин, Бангладеш, Џибути, Египет, Израел, Ирак, Јордан, Кувајт, Либија, Мавританија, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Судан, Јемен и Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), поради добиени информации дека терористичката мрежа Ал Каеда би можела да нападне американски или западни цели на Блискиот Исток или во северна Африка.

Би можело да ве интересира

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа

(ВИДЕО) Доаѓа „Дијабло“, издадени се црвени предупредувања

Горан Наумовски

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа