Неизвесно присуството на Путин на Самитот на Г20 во ноември на Бали

Од:

Руската амбасадорка во Индонезија, Људмила Воробиева, одби да го потврди присуството на рускиот претседател, Владимир Путин, на Самитот на Г20 во ноември во Бали.

– Ние сè уште не можеме да потврдиме дали претседателот Путин ќе присуствува лично или онлајн… Ние сè уште имаме време да размислиме за тоа и да го почекаме развојот на настаните, појасни Воробиева.

За време на телефонски разговор со претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, во април, Путин кажал дека ќе присуствува на Самитот.

Но, САД се спротивставија, соопштувајќи дека, по руската инвазија врз Украина, со Москва не може да се прават вообичаените договори.

Путин ретко се гледа во јавноста, а има и гласини околу неговото здравје.

Поранешниот шпион на МИ6, Кристофер Стил за Би-би-си тврди дека рускиот лидер најверојатно ќе го снема за шест месеци, сугестирајќи оти дотогаш може да биде „онеспособен“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он