Неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и земјите кандидати

Од:

Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ денеска во Букурешт ќе одржат неформален состанок со шефовите на дипломатиите на земјите кандидати за членство во Унијата.

Неформалната средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Букурешт почна вчера, кога еврокомесарот за проширување Јоханес Хан информира дека една од темите на денешниот состанок ќе биде редовен преглед на ситуацијата на Западен Балкан.

– Ќе го прославиме она што го постигнавме со идна Северна Македонија. Тоа, се надевам, ќе придвижи понатамошна позитивна динамика во регионот и ќе стимулира повторно придвижување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, истакна вчера Хан.

Домаќин на средбата е шефот на романската дипломатија Теодор Малешкану, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, а со собирот ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Романија при преземањето на претседателството со Европскиот совет на почетокот на годината, најави дека нејзини приоритети во овие шест месеци ќе бидат зголемување на кохезијата меѓу земјите членки на Унијата, зачувување на безбедноста, јакнење на улогата на Унијата како глобален лидер и проширувањето на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот