Недоволна докапитализација на шпанските банки

Од:

Планираната докапитализација на ослабените шпански банки ќе придонесе за зголемување на довербата на пазарот во банкарскиот систем на земјата, но висината на бараните средства е доволен за да се зачува стабилноста на банките во вака тешка ситуација, соопшти денеска американската агенција за рангирање “Mudis.”

“Докапитализацијата ќе ја подобри солвентноста на ослабените институции и ќе придонесе за враќање на довербата на пазарот во целиот шпанскиот банкарски систем”, се додава во соопштението на агенцијата и АФП.

“Меѓутоа, износот за докапитализација на банките, што во петокот го обелодени Шпанија, е под нашата проценка за потребни средства на Шпанија за да се зачува стабилноста во крајно неповолното окружување”, додава “Mudis”.

Агенцијата смета дека на банките им требаат помеѓу 70 и 105 милијарди евра.

Независната ревизија на шпанските банки, со која раководеше американската консултантска компанија, “Оливер Вајман”, откри во петокот дека на шпанските банки им требаат 59,2 милијарди евра за поправање на нивните биланси, кои се тешко погодени од пукањето на меурот со недвижнини во 2008.

Потпирајќи се на таква ревизија, шпанската влада соопшти дека на нејзините банки можеби ќе им треба заем од само 40 милијарди евра од партнери во еврозоната, што е далеку под понудениот максимален заем од 100 милијарди евра.Недоволна докапитализација на шпанските банки.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени