Амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја се пошегува дека не му пречи што го шпионираат американските разузнавачки служби. Тој истакна дека дури им е благодарен за тоа, бидејќи, како што рече, со тоа му пружале заштита.
„Ники Хејли еднаш се пошегува на таа тема, посочувајќи дека сум многу добро заштитен. Одговорив дека навистина се чувствувам сигурен овде и дека сум благодарен на домашните власти што ми обрнуваат внимание,“ изјави Небензја во интервју за руските медиуми, по повод Денот на дипломатите.