Неапол го прогласи Асанж за почесен граѓанин

Од:

Градот Неапол го прогласи основачот на Викиликс Џулијан Асанж за почесен граѓанин, објавија денеска италијанските медиуми.

Градоначалникот на Неапол, Гаетано Манфреди, на Стела Морис, сопругата на Асанж, за време на свечената церемонија и врачи плакета за почесен граѓанин, пренесува АНСА.

„Овој гест симболично го претставува градот Неапол, град кој отсекогаш ги бранел сите слободи. Ако сакаме да ја браниме и зајакнеме демократијата, мораме да ја браниме слободата на печатот бидејќи силната демократија се состои од силен печат“, рече Манфреди.

Асанж (52) моментално се наоѓа во лондонскиот затвор Белмарш и чека да биде екстрадиран во САД, кои го обвинуваат за шпионажа, објавување доверливи информации за Ирак и Авганистан и дипломатски телеграми во 2010 и 2011 година.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА