Не се постигна спогодба за признавање на вина на Хантер Бајден

Од:

Спогодбата за вина на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, во две постапки за даночни прекршувања денеска не беше постигната.

Исходот е таков бидејќи судијката на федералниот суд што претседаваше со случајот изрази загриженост за терминологијата што се користи во спогодбата за друго обвинение поврзано со оружје.

Исходот од денешното сослушување привремено ја остава отворена повеќегодишната истрага за бизнисот на Хантер Бајден, пренесува АП.

Хантер Бајден беше обвинет за две кривични дела за затајување данок од повеќе од 100.000 долари за приход од над 1,5 милиони долари во 2017 и 2018 година, но тој склучи спогодба со обвинителите кои планираа да побараат двегодишна условна казна.

Меѓутоа, минатиот месец Бајден беше обвинет и за нелегално поседување огнено оружје, иако знаел дека е зависник од наркотици, што е кривично дело, соопшти обвинителството.

Во обвинението беше наведено дека синот на претседателот поседувал Colt Cobra 38 Special во текот на 11 дена во октомври 2018 година, а во случај судот да го прогласи за виновен максималната казна е до 10 години затвор.

Судијката на Окружниот суд на САД, Мерилин Норејка, назначена од претседателот Доналд Трамп, рече дека е загрижена за терминологијата што се користи во договорот и им предложи на адвокатите повторно да се состанат и да разговараат за тоа.

Би можело да ве интересира

Хантер Бајден: Татко ми не беше вклучен во моите работи

Информатор на ФБИ е обвинет дека лажел за аферите на синот на Бајден

Обвинет синот на Џо Бајден, не платил 1,4 милиони долари данок

Предраг Петровиќ

Синот на Бајден обвинет за затајување данок, трошел пари на ескорт дами, дрога, автомобили…

Горан Наумовски

Државниот обвинител доби нови овластувања во истрагата против Хантер Бајден

Документ на ФБИ: Џо и Хантер Бајден добиле 10 милиони долари од украински олигарх