Навални во самица по петти пат од август: Ја критикував мобилизацијата за војната во Украина

Од:

Затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални е ставен во самица по петти пат од средината на август поради, како што вели, политички мотивирани причини, јавува Радио Слободна Европа.

Прес секретарот на Навални, Кира Џармиш, на 23 септември на Телеграм напиша дека критичарот на Кремљ бил вратен во самица на 12 дена, еден ден откако веќе поминал 15 дена во самица.

Во меѓувреме, на неговиот Твитер профил се појави видео на кое се гледа како Навални зборува на неодредено судско рочиште преку видео врска.

Во видеото тој вели дека одлуката да го вратат во затворската ќелија била политички мотивирана поради неговите неодамнешни изјави во кои ја критикува одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да започне делумна воена мобилизација за војната во Украина.

„За да се спротивставам на идејата да се испратат стотици илјади наши луѓе да убиваат други невини луѓе за ништо, ќе одам во самица 12 дена или повеќе ако е потребно“, рече Навални во изјавата.

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен