Навални сепак пуштен да се лекува во Германија, вечерва лета за Берлин

Од:

Според германските лекари, кои пристигнале со авион во Омск за да го пренесат Алексеј Навални во Берлин на лекување, велат дека рускиот опозициски лидер е во доволно добра состојба за да може да лета со авион, по што му е дозволено да го продолжи лекувањето во Германија.

Во изјавата на Фондацијата Cinema for Peacе се вели дека претходните тврдења на руските лекари дека не би било безбедно Навални да лета со авион, не се точни.

Сопругата на рускиот опозициски политичар го замоли претседателот Владимир Путин да дозволи Навални да биде префрлен од болницата во Сибир во Германија за да му се укаже лекарска помош. Транспортот на Навални за Берлин би можел да се реализира во следните неколку часа.

Главниот доктор на болницата во Омск, Александар Мураховски, претходно изјави дека рускиот опозициски лидер  ќе остане во таа установа сè додека не се стабилизира неговата состојба. Тој тврдеше дека на Навални му било дијагностицирано метаболичко нарушување, кое е последица на ниското ниво на шеќер во крвта. Според него, на облеката и на прстите на Навални (44) биле пронајдени траги од индустриски хемиски супстанции.

На Навални му се слоши во авион на летот за Москва, откако пиеше чај на аеродромот во сибирскиот град Томск, поради што авионот итно морал да слета во Омск, каде што политичарот сè уште е на интензивна нега и е приклучен на респиратор.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски