Навални: Протестите ќе продолжат и ќе бидат помасовни

Од:

Рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални порача денеска, веднаш по излегувањето од затвор, дека антивладините протести ќе продолжат и ќе бидат помасовни.

– Сега гледаме дека лагите и измамите не им се доволни. Не им е доволно да им забранат на кандидатите да излезат на избори. Тие намерно сакаат да уапсат десетина луѓе и да претепаат стотина… Тоа покажува дека не постои поддршка за овој режим. Тие тоа го чувствуваат и се исплашени, тврди Навални, кој се обрати само неколку минути по излегувањето од затвор, каде помина 30 дена поради поттикнување протести кои повикуваат на слободни избори.

Навални додаде дека не се сомнева оти бранот протести ќе се зголеми и покрај „заплашувањата и теророт кои моментно се случуваат додека луѓето се апсат“.

Тој нагласи дека „режимот сериозно ќе зажали поради тоа што го направи“.

Навални, кој важи за најголем непријател на Кремљ, е осуден минатиот месец на 30 дена затвор поради организирање недозволени протести на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот