Навални префрлен трајно во самица

Од:

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој отслужува затворска казна од единаесет и пол години, соопшти дека е трајно префрлен во самица.

Навални изјави и дека неговите права за посети се ограничени, јави денеска Би-би-си.

Рускиот опозиционер вели дека овој потег се случил само четири дена пред планираната посета на неговото семејство и дека целта била да го замолчат.

Тој на својот Инстаграм профил со помош на своите адвокати напиша дека неколку пати бил во самица, но најдолгата била 15 дена.

Навални беше осуден на затвор по низа обвиненија, вклучително и измама и непочитување на судот, за кои рече дека се измислени, пренесе Би-Би-Си. Навални беше приведен во казнена колонија на 250 километри источно од Москва, а беше уапсен во јануари 2021 година по враќањето во Русија од Германија, каде се лекуваше по труењето со нервен агенс, за што го обвини руските власти.

Навални беше најостриот опозициски критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

Алексеј Навални е префрлен во строга самица, забрането му е да има посетители

Берлин: Москва треба да му пружи медицинска помош на Навални

А1он

170 руски лекари го повикаа Путин да престане да го мачи Навални во затвор

Ана Ололовска

Навални новогодишната ноќ ја поминал во дисциплинска ќелија

Ана Ололовска

Политико: Путин би можел да употреби хемиско оружје, вклучувајќи го и она со кое беше труен Навални

А1он