Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални пред смртта напишал автобиографија, која ќе биде објавена во октомври, објави денеска неговата вдовица Јулија Навална.
Навални (47) почина во февруари во затвор во Арктичкиот круг. Водечкиот руски опозициски политичар сакаше да стане претседател на Русија и беше најжесток критичар на Владимир Путин во земјата. Неговите сојузници, кои властите ги прогласија за екстремисти, го обвинуваат Путин дека го убил, обвинение што Кремљ го негира.
Навална на платформата Х напиша дека нејзиниот сопруг започнал мемоари со наслов „Патриот“ во 2020 година. Навални почнал да ја пишува својата автобиографија откако бил отруен, за што западните лекари тврделе дека е предизвикана од нервниот агенс Новичок.