Навални објави фотографија од болница: Дишам самостојно

Од:

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска објави неговата слика на Инстаграм и порака во која наведува дека можел да дише без респиратор цел еден ден, во првото обраќање на таа мрежа по труењето на крајот на август.

– Сè уште не можам да направам речиси ништо, но вчера (понеделник) можев да дишам цел ден, напиша Навални на својот Инстаграм профил, објавувајќи фотографија како седи на болнички кревет во друштво на неговата сопруга.

Навални, кој откри корупција во врвот на Русија, беше примен на одделот за интензивна нега во болницата во Омск на 20 август, откако одеднаш му се слоши. Тој беше префрлен во Германија два дена подоцна, каде лекарите заклучија дека бил отруен од нервниот агенс „новичок“, кој потекнува уште од времето на Советскиот Сојуз.

Руските власти во неколку наврати негираа вмешаност во случајот.

Германската болница Шарита, каде се лекува, вчера објави дека се подобрува неговата здравствена состојба, дека може повремено да станува од кревет и оти може целосно да биде исклучен од апаратот за вештачко дишење.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Навална: Ја одбија жалбата за да не се знаат вистинските околности на неговата смрт

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски